Еуроњуз: Европскиот туризам е на интензивна нега

пред 7 месеци

Претставниците на туристичкиот сектор на ЕУ се крајно загрижени за ограничувачките мерки воведени како резултат на забрзаното ширење на коронавирусот. Туристичкиот сектор сочинува околу 10% од БДП на Европската унија и и’ обезбедува на заедницата околу 12 oтсто работни места, пренесува Еуроњуз.

Францускиот премиер Жан Кастекс се состана со вработените и сопствениците на рестораните и хотелите, кои му раскажаа за тешкотиите со кои се соочуваат.

Дидие Шенет, претседател на Здружението на независни хотелиери, рече: „Обично во ова време, објектите на планините за скијачката сезона се резервирани од 50 до 60 отсто. До денес, бројката не е ни до 10 проценти. Има хотели кои воопшто не планираат ни да се отворат, не станува збор само за мали скијачки центри. Значи, ние сме на интензивна нега”

Пред британскиот премиер Борис Џонсон да ги објави новите рестриктивни мерки за борба против коронавирусот, претставниците на британската хотелска индустрија изјавија дека ќе одат на суд и ќе бараат укинување на локалните блокади, што би довело до затворање на пабовите, клубовите и рестораните. Организацијата, која ги брани тврди дека нема докази оти објектите за храна придонесуваат за ширење на коронавирусот.

Како и во другите европски земји, бројот на заразени се зголемува и во Португалија. Во изминатиот ден, 1.249 луѓе добија позитивен тест за коронавирус, а 14 починаа. Португалците се плашат да не се заразат, но се чини дека се уште позагрижени за можноста за национален карантин.

„Ако нашата економија повторно запре поради нова блокада, тоа ќе биде вистинска катастрофа“, велат тие.

Сега во Португалија е забрането да се собираат групи од повеќе од 10 лица, да се продаваат алкохолни пијалоци во продавници после осум навечер, да се пие алкохол на терасите во рестораните по 20:00 часот.

Денеска Белгија воведе полициски час, а Чешка од утре ги затвора кафулињата и рестораните. Рестриктивни мерки што ќе се одразат на туризмот, вечерва се очекува да воведе и Холандија.

 

Share

AnimeHeaven anime in heaven: Watch My Hero Academia (Dub) Episode 10

WCOStream watch animes: Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen Episode Preview 02

Scroll to Top