ЕУ им ги замрзна имотите на руските олигарси поради војната

пред 4 недели

Европската Унија досега ги замрзна имотите на руските олигарси, други поединци и компании во вредност од 13,8 милијарди евра, изјавил висок европски функционер.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Најголемиот дел е запленет во пет од 27-те членки на Унијата, кажал функционерот и ги повикал останатите членки да направат повеќе на тоа поле.

Во моментов има 98 компании и организации и речиси 1.600 поединци на „црната“ листа на ЕУ поради улогата на Русија во Украина.

„Досега конфискувавме имот на олигарси и други субјекти во вредност од 13,8 милијарди евра, тоа е доста“, изјавил европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс.

„Но, во најголем дел, повеќе од 12 милијарди се замрзнати во пет земји-членки и ние мора да продолжиме да ги убедуваме другите да го сторат истото“, им рекол тој на новинарите кои пристигнале на состанокот на министрите за правда на ЕУ во Прага.

Рејндерс не прецизирал за кои пет членови станува збор.

Според него, по летото се очекува конечен политички договор за нови правни инструменти кои треба да го спречат заобиколувањето на санкциите на ниво на целата Унија, што сега не е случај.

Share

sunwin tài xỉu game bài sunwin sunwin

sunwin

tải sunwin

tải sunwin tải sunwin sunwin club

sunwin sunwin.apk mới nhất game sunwin

Scroll to Top