ЕУ им додели кандидатски статус на Украина и Молдавија

пред 6 дена

Кандидатски статус за влез во ЕУ вечерва добија Украина и Молдавија – дваесет и седум членки на Унијата ја донесоа одлуката, објави официјален Брисел.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел оваа одлука ја нарече „историски момент“ во екот на руската агресија.

„Договор. Европскиот совет штотуку донесе одлука за доделување статус кандидат за ЕУ ​​на Украина и Молдавија. Историски момент“ – напиша Мишел на Твитер.

Одлуката на ЕУ ја поздрави и украинскиот претседател Володимир Зеленски нарекувајќи ја „единствен и историски момент во билатералните односи“.

Украина поднесе барање за членство во ЕУ на крајот на февруари годинава.

Молдавија е држава која граничи со Украина.

Сепак, двете земји мора да се свесни дека стекнувањето членство може да потрае со години, па дури и децении. Земјите мора да исполнат детални економски и политички услови, вклучително и посветеност на владеењето на правото и другите демократски принципи.

Европскиот совет одлучи да ја признае европската перспектива на Грузија и е подготвен да даде кандидатски статус откако ќе се решат „истакнатите приоритети“.

Share

go88 link

sunwin link tải

Scroll to Top