ЕУ мобилизира ресурси за да и помогне на Украина против сајбер напади

пред 3 години

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Џосеф Борел, денеска го осуди хакерскиот напад со кој беа соборени владините веб-страници во Киев и рече дека ЕУ ќе ги мобилизира сите ресурси за да и помогне на Украина да се справи со сајбер нападите.

Борел вели дека се уште се бараат докази за тоа кој стои зад овој напад, но додава и дека „може да се замисли кој е одговорен“.

„Утринава свикавме итен состанок на амбасадорите на политичкиот и безбедносен комитет на ЕУ за да видиме како можеме да реагираме и како да обезбедиме техничка помош на Украина за да го зголеми нејзиниот отпор против овој тип на напади“, рече Борел.

Share
Scroll to Top