Европската унија подготвува иницијатива за заштита на источната граница од дронови, но на првичниот состанок нема да учествуваат Унгарија и Словачка.
Видеоконференцијата, закажана за 26 септември, ќе ги обедини седум земји од источниот дел на ЕУ – Естонија, Латвија, Литвa, Финска, Полска, Романија и Бугарија – како и Украина.
Според Европската комисија, разговорите се поттикнати од неодамнешни инциденти со дронови во Романија и Полска, а ќе се разгледаат потребите и капацитетите на земјите за заедничка одбрана. Иницијативата следи по говорот на Урсула фон дер Лајен за состојбата на Унијата, во кој беше нагласена потребата од воспоставување ваков „ѕид“.
Текстот ЕУ подготвува „ѕид против дронови“ без Унгарија и Словачка е превземен од МАКФАКС.