ЕУ се надева дека наскоро ќе вакцинира по 3 милиони луѓе дневно

пред 3 години

Досега, 170 милиони луѓе се вакцинирани против Ковид-19 во ЕУ, но само 30 милиони ги добиле потребните две дози. Ова го соопшти еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидис, пред европратениците од Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храна.

Таа изрази надеж дека наскоро на ден ќе бидат вакцинирани по три милиони луѓе во ЕУ. Производството на вакцини во Унијата се зголемува и затоа ќе биде можно „Фајзер“ да испорача дополнителни 50 милиони дози порано, додаде комесарката.

Киријакидис рече дека се водат преговори за снабдување на 1,8 милијарди дози вакцини до 2023 година. На почетокот на овој месец, ЕК објави дека ќе се фокусира на идните договори за снабдување со докажани технологии засновани на месенџер-РНК. Од производите одобрени од ЕУ, ваквите вакцини се произведуваат само од „Фајзер“ и „Модерна“.

Share
Scroll to Top