Жена се породила во авион на лет од Јордан до Лондон

Жена се породила во авион на лет од Јордан до Лондон

пред 1 година

Жена се породила во авион на летот од Јордан до Лондон и родила здраво девојче, a ѝ помогнал лекар кој бил во авионот, јави Би-би-си.

Доктор Хасан Кан, кој со тој лет се враќал дома од одмор, рекол дека во саботата наутро, на летот од Аман, Јордан до аеродромот „Лутон’ во Лондон, екипажот повикал лекар, а жената лежела на подот пред пилотската кабина и дека ѝ пукнала водната обвивка.

Кан (28), кој работи во болница во Есекс, Англија, рече дека авионот потоа бил пренасочен на аеродромот во Бриндизи, во јужна Италија, за да може 38-годишната жена и нејзиното бебе да бидат префрлени на болница, пренесува „Танјуг“.

Лекарот рече дека семејството го известило од болница дека и мајката и бебето се добро.

Текстот Жена се породила во авион на лет од Јордан до Лондон е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top