Директорот на Цивилната заштита во Хрватска, Дамир Трут, днеска соопшти дека потрагата по паднатиот авион цесна е завршена и дека за жал, сите патници од авионот загинале.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Имаше 400 трагачи и тие ја извршија задачата и го пронајдоа леталото. Веднаш штом беше забележано од воздух, беа испратени копнени сили. За жал, беше потврдено дека сите патници од авионот цесна загинале и следи полициска истрага. Во име на сите оперативни сили изразуваме сочувство кон семејството и пријателите на жртвите“, изјави директорот на Цивилната заштита.
„Авионот е пронајден на неколку стотини метри од Брочанска Коса. Овој авион, колку што знам, нема црна кутија. Овој камп за пребарување останува на местото. Ќе повлечеме дел од силите, а дел ќе остане да помогнеме во извлекувањето на загинатите“, рече Трут.






