Зградата на косовската влада осветлена во боите на украинското знаме

пред 3 години

Зградата на Владата на Косово синоќа беше осветлена со знамето на Украина во знак на солидарност со таа земја откако Русија ги призна украинските сепаратистички региони Доњецк и Луганск.

Косовскиот премиер Албин Курти во објава на Твитер рече дека „колку и да се темни времињата или колку е тешка борбата, историјата ги фаворизира праведниците“.

– Во овој критичен момент за украинскиот народ ја осветливме зградата на Владата за да ја покажеме солидарноста на народот на Косово со народот на Украина – напиша Курти.

Претходно вчера премиерот Курти изјави дека Владата на Косово го поддржува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина. Тој нагласи дека Косово секогаш ќе биде координирано со Европската унија, САД и НАТО.

Потсетуваме дека Русија ги призна украинските сепаратистички региони Доњецк и Луганск.

Лидерите на Европската унија и НАТО, како и бројни земји, остро го осудија чинот на Путин, ја повторија својата поддршка за Украина и најавија заедничка реакција.

Share
Scroll to Top