Украинскиот претседател Володимир Зеленски не ја исклучува можноста за целосна војна со Русија, но смета дека тоа би била најголемата грешка.
За време на учеството на форумот во Киев, Зеленски, на прашањето дали мисли дека е можна војна меѓу неговата земја и Русија, даде потврден одговор, пренесува ТАС С.
Во таа прилика, тој нагласи дека е убеден дека тоа ќе биде погрешно сценарио за развојот на настаните во регионот.
„ После тоа, добрососедски односи меѓу Русија, Украина и Белорусија никогаш не би можеле да постојат“, рече Зеленски.