Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека планира да го фалсификува референдумот за независност во делумно окупираните јужни региони Херсон и Запорожје.
Во видео пораката, Зеленски ги повика Украинците кои живеат под руска окупација во тие региони да не им даваат на руските сили какви било лични податоци, како што се броевите на пасошите.
„Ги повикувам жителите на јужните региони на Украина, Херсон и Запорожје, да бидат многу внимателни со информациите што им ги даваат на окупаторите“, изјавил Зеленски.
$bp(“Brid_50608516”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”997764″,”autoplay”:0,”shared”:true});
„Тие сакаат да го фалсификуваат таканаречениот референдум за вашата земја доколку дојде наредба од Москва да се одржи такво шоу. Тоа е реалноста. Бидете внимателни“, рече Зеленски.
Тој издал предупредување и за т.н Народна Република Херсон, како што руските сили ги нарекуваат окупираните територии во регионот, и соопштил дека нејзините планови нема да поминат.
„Ако некој сака нова анексија, тоа може да доведе до нови, силни санкции кон Русија. Ќе ја направите вашата земја сиромашна како Русија од граѓанската војна во 1917 година. Подобро е да се бара мир сега“, кажал Зеленски.