Зеленски до руските војници: „Ќе ве гониме до гроб“

пред 3 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди руските војници дека неговите сили ќе го „бркаат до гроб“ секој војник што ќе изврши воени злосторства на територијата на Украина, јавуваат агенциите, повикувајќи се на Би-би-си.

Обраќајќи му се на украинскиот народ во Киев, Зеленски испрати порака до московските војници, предупредувајќи ги дека ќе се соочат со судниот ден за намерни убиства за време на инвазијата на неговата земја.

„Колку такви семејства загинаа во Украина? Тоа нема да го простиме. Нема да заборавиме. Ќе ги казниме сите оние кои извршија ѕверства во оваа војна. За нашата земја“, рече украинскиот претседател.

„Нема да има мирно место за вас на оваа земја освен гробот“, рече тој.

Зеленски, исто така, ги повика западните лидери да преземат посилна акција против Москва, велејќи им дека храброста на агресорите е јасен сигнал до Западот дека санкциите против Русија не се доволни.

Share
Scroll to Top