Зеленски: Европејците мора да се обединат, Русија врши геноцид врз Украинците

пред 4 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека бомбардирањето на педијатриската болница во Мариупол е воено злосторство.

– Денешниот ден дефинира се. Кој е на која страна. Руски бомби паднаа врз болницата и породилиштето во Мариупол. Тие згради беа уништени. Досега има 17 повредени – рече Зеленски.

Огорчениот Зеленски се запраша за каква држава станува збор, Русија, која се плаши од болници и породилишта и ги уништува.

– Европејци! Украинци! Жителите на Мариупол! Денеска мора да се обединиме за да го осудиме руското воено злосторство кое го покажува сето зло што руските напаѓачи и го направија на нашата земја.

– Воздушното бомбардирање е последната потврда. Потврда дека во моментов се случува геноцид врз Украинците. Никогаш не сме направиле и никогаш не би извршиле воено злосторство како ова во градовите Доњецк или Луганск или во кој било друг регион – рече Зеленски.

Share
Scroll to Top