Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето во Чатам Хаус рече дека Русија не верува дека ќе биде кривично гонета за воени злосторства во Украина поради „нуклеарна уцена“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
– Русија отворено зборува за нуклеарно оружје. Времето потребно за руските ракети да стигнат до европските градови. Тоа го прават затоа што мислат дека се недопирливи – рече Зеленски, пренесува Телеграф.
Тој додаде дека Русија со закани ја уценува Европа.
– Инвазијата на Русија и суровоста на нејзините војници во Украина ги игнорираа сите норми за човекови права, како ова да е 18 век. Русија верува дека нема да биде одговорна за воените злосторства – рече претседателот на Украина.
Тој, исто така, рече дека пристанишниот град Мариупол е „пример за тортура и глад што се користат како воено оружје“.
– Ниту една меѓународна организација не може да влезе во градот. Оваа нечовечност и суровост е начинот на кој руската армија се однесува со луѓето. Смртта не е предизвикана од војна. Ова не е воен настан. Ова е мачење до смрт. Ова е тероризам и омраза – рече Зеленски.
На прашањето кој би бил минимумот што би го прифатил во мировниот договор со Русија, Зеленски имаше јасен одговор.
– Народот ме избра за претседател на Украина, а не за претседател на мини Украина. „Руските трупи мора да се повлечат за Украина да може да ги врати сите свои територии од пред руската инвазија“, рече Зеленски, пренесе Телеграф.