Зеленски: Подготвени сме на се’ утре во Турција

Зеленски: Подготвени сме на се’ утре во Турција

пред 12 месеци

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерашно обраќање рече дека Украина е подготвена за секаков формат на мировни преговори и дека не се плаши од средби или разговори.

„Подготвени сме за секаков формат на преговори и не се плашиме од средби. Утре – во Турција“, рече Зеленски.

Тој додаде дека се уште чека потврда за тоа кој ќе дојде од Русија на преговорите, по што ќе одлучи за следните чекори на Украина: „Чекам кој ќе пристигне од Русија. Потоа ќе одлучам што понатаму“.

Текстот Зеленски: Подготвени сме на се’ утре во Турција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top