Зеленски: Разговарав со Шолц

пред 3 години

Прашањето за членството на Украина во ЕУ е покренато пред неформалниот самит на лидерите на ЕУ, рече тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Разговарав за текот на мировните преговори со канцеларот Олаф Шолц. Тој ја истакна важноста од зголемување на одбранбената поддршка за Украина и притисок врз Русија. Прашањето за членството на Украина во ЕУ беше покренато пред неформалниот самит на европските лидери“, рече Зеленски.

Share
Scroll to Top