Зеленски ја поздрави заложбата на Бајден за мир во Донбас

пред 3 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја поздрави „личната улога“ на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, во обид да се постигне мир во источна Украина.

„Најважното нешто што сега го гледаме е дека има вистинска реакција и лична улога на претседателот Бајден во решавањето на овој конфликт, војната на истокот од нашата земја“, рече Зеленски во првата реакција на вчерашниот видео разговор меѓу Бајден и Путин

Зеленски на прес-конференција изјавил дека се надева оти Украина и Русија би можеле да се договорат за нов прекин на огнот и размена на затвореници кога нивните претставници денеска ќе разговараат за конфликтот во источниот украински регион Донбас.

Share
Scroll to Top