Израелската војска повика на итна евакуација во јужен Бејрут

Израелската војска повика на итна евакуација во јужен Бејрут

пред 6 часа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа обемен налог за евакуација на делови од јужен Бејрут, додека продолжуваат нападите врз цели на Хезболах во Либан.

Во објава на платформата Икс, портпаролот на ИДФ, Авихај Адраеи, наведе дека лицата во зоната за евакуација се наоѓаат во близина на „објекти и интереси поврзани со Хезболах“.

„Поради ваша безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, мора веднаш да ја евакуирате оваа зграда и соседните објекти и да се оддалечите од нив на најмалку 300 метри“, се наведува во пораката.

Фото: Depositphotos

Текстот Израелската војска повика на итна евакуација во јужен Бејрут е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top