Израелската војска тврди дека убила борци на Хамас во смртоносен напад врз училиште на ОН

Израелската војска тврди дека убила борци на Хамас во смртоносен напад врз училиште на ОН

пред 2 години

Израелската војска соопшти дека ги убила борците на Хамас, кои наводно биле собрани во училиштето Рази, управувано од Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа.

ИДФ тврди дека борците на Хамас го користеле училиштето за планирање и извршување напади врз израелските војници кои дејствуваат во Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.

Војската вели дека презела неколку чекори за ублажување на цивилните жртви, вклучително и воздушно набљудување и употреба на „прецизна муниција“.

Текстот Израелската војска тврди дека убила борци на Хамас во смртоносен напад врз училиште на ОН е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top