Израелски авиони бомбардираа цели на Хамас во Газа

пред 3 години

Израелски воени авиони бомбардираа позиции на Хамас во Газа како одговор на запаливи балони ослободени од таа палестинска енклава и предизвикаа пожари во јужен Израел, соопшти израелската војска.

Засега нема извештаи за жртви во нападите, чии цели беа, како што објави армијата, фабрика за производство на оружје и лансирна рампа за ракети кои припаѓаат на Хамас, пренесува „Ројтерс“.

Откако стапи на сила прекинот на огнот во мај по 11-дневни борби меѓу Израел и Хамас, од Газа повремено се пуштаа балони со израелски пат кон Израел.

Палестинците велат дека сакаат да извршат притисок врз Израел да ги ублажи ограничувањата за Газа и да дозволи помош да стигне на територијата.

Share
Scroll to Top