Портпаролот на израелската влада денеска изјави дека војната во Газа ги преполовила борбените сили на Хамас, повеќе од 12.000 вооружени членови се убиени, а голем број се ранети или заробени.
„Зборуваме за три четвртини од баталјоните на Хамас кои се уништени… повеќе од 12.000 терористи кои се убиени“, рече Ејлон Леви на брифингот.
„Кога ќе се земе предвид бројот на терористи кои се ранети или уапсени, повеќе од половина од борбените сили на Хамас се онеспособени“, рече портпаролот.
Текстот Израел: Ги преполовивме силите на Хамас, убиени се над 12.000 членови е превземен од МАКФАКС.