Израелската затворска служба вечерва соопшти дека ослободила 39 палестински затвореници.
Тие беа ослободени како дел од договорот меѓу Израел и Хамас, бидејќи Хамас претходно ослободи 14 израелски заложници и тројца странски државјани од Газа.
Би-би-си јавува дека меѓу ослободените има девет деца, како и четиригодишното американско девојче Абигејл Ајдан.
Американскиот претседател Џозеф Бајден претходно изјави дека американското девојче Абигејл Ајдан е ослободено од Газа и дека се надева дека паузата во борбите меѓу Израел и милитантната група Хамас ќе доведе до продолжување на размената на заробеници.
– Таа е слободна и сега е во Израел – рече Бајден.
Текстот Израел ослободи уште 39 палестински затвореници е превземен од МАКФАКС.