Илјадници Индијци аплицираа за работа во Израел барајќи да ги пополнат позициите што останаа испразнети

Илјадници Индијци аплицираа за работа во Израел барајќи да ги пополнат позициите што останаа испразнети

пред 6 месеци

Илјадници Индијци аплицираа за работа во Израел, барајќи да ги пополнат позициите што останаа испразнети откако Израел ги укина работните дозволи за Палестинците по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Индијците на овој начин се обидуваат да ја искористат можноста да се вработат, што во нивната земја е оневозможено.

Работничките синдикати и опозицијата го критикуваа планот на Индија да испрати работници во земја која практично е соучесник во геноцидот врз Палестинците.

Израелците секој ден интервјуираа во просек од 500 до 600 заинтересирани работници од Индија.

Во октомври, израелските градежни компании, наводно, побарале од владата во Тел Авив да им дозволи да ангажираат до 100.000 индиски работници за да ги заменат Палестинците.

Додека Индија се движи кон националните избори, стапката на невработеност се движи околу високи осум проценти.

Текстот Илјадници Индијци аплицираа за работа во Израел барајќи да ги пополнат позициите што останаа испразнети е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top