Илјадници луѓе загинаа низ Блискиот Исток од почетокот на војната, по американско-израелските напади врз Иран, израелските операции во Либан и иранските напади врз Израел, американски бази и земји од Заливот.
Следува преглед на најновите податоци, кои во одредени случаи варираат и не се независно потврдени, посочува Скај њуз.
Иран
Организацијата за човекови права ХРАНА со седиште во САД соопшти дека од почетокот на војната загинале 3.461 лице, од кои 1.551 се цивили, меѓу нив најмалку 236 деца.
Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина соопшти дека најмалку 1.900 луѓе се убиени, а 20.000 повредени во досегашните американско-израелски напади.
Либан
Либанските власти наведуваат дека овој месец во израелски напади загинале 1.189 лица, меѓу кои најмалку 124 деца.
Повеќе од 400 борци на Хезболах се убиени од 2 март, кога групата започна нови напади врз Израел.
Ирак
Најмалку 100 лица загинаа од почетокот на кризата, според ирачките здравствени власти.
Еден странски член на екипаж загинал при напад врз танкери во близина на ирачко пристаниште.
Израел
Во ракетни напади од Иран и Либан загинаа 19 лица, соопшти израелската служба за итна помош. Израелската војска потврди дека четворица нејзини војници загинале во јужен Либан.
Одделно, израелските сили по грешка убиле израелски земјоделец во близина на границата со Либан на 22 март.
САД
Тринаесет припадници на вооружените сили загинаа.
Обединети Арапски Емирати
Десет лица загинаа во ирански напади, меѓу кои и двајца војници.
Катар
Седум лица загинаа при хеликоптерска несреќа во територијалните води, меѓу нив четворица припадници на катарските вооружени сили, еден турски војник и двајца техничари.
Кувајт
Шест смртни случаи, меѓу кои две лица во ирански напади, двајца полицајци и двајца војници.
Газа
Нападите продолжуваат – утрово се убиени шест Палестинци, а вчера тројца. Вкупниот број жртви останува нејасен.
Западен Брег
Четири палестински жени загинаа во ирански ракетен напад на окупираниот Западен Брег.
Сирија
Четири лица загинаа при удар на иранска ракета врз зграда во јужниот град Свејда.
Бахреин
Две лица загинале во одделни ирански напади.
Оман
Две лица загинаа во напад со дрон врз индустриска зона во провинцијата Сохар.
Претходно, едно лице загинало кога проектил погодил танкер крај брегот на Мускат.
Саудиска Арабија
Две лица загинаа кога проектил паднал врз станбена област во градот Ал Харџ, југоисточно од Ријад.
Франција
Еден француски војник загина, а шестмина се ранети во напад со дрон во северен Ирак, каде учествувале во обука за борба против тероризам.
Текстот Илјадници луѓе загинаа низ Блискиот Исток од почетокот на војната, тоа не се само бројки, тоа се животи е превземен од МАКФАКС.





