Иран нападна танкер со хрватски екипаж: „Преживав со Божјо чудо, сите сме живи“

Иран нападна танкер со хрватски екипаж: „Преживав со Божјо чудо, сите сме живи“

пред 5 часа

Танкер за течен природен гас (LNG) на кој се наоѓал и хрватски екипаж бил нападнат во Ормускиот теснец. Според првичните информации, на бродот имало најмалку шест хрватски државјани и никој не е повреден, објавува Morski.hr.

Катарскиот брод Ал-Рекајат бил погоден од ракета вчера, по што избувнал пожар во машинската просторија.

„Експлодираше на два метра од мене“

Morski.hr објави и пораки од еден од хрватските морнари од бродот, кој изјавил дека излегол пред ECR, односно контролната просторија на машинската просторија, една минута пред ударот.

„Поздрав, колеги. Само да ве известам дека сите сме добро. Го изгаснавме пожарот, има само малку чад од машинската просторија. За среќа, бев на два метра пред ECR кога експлодираше! Преживеав од со Божјо чудо затоа што буквално излегов на платформата на ECR една минута пред ракетата“, напишал еден од морнарите, објавува Morski.hr.

Друг морнар рече дека нема повредени.

„Да, да, сè е во ред. Сите се живи, нема повредени. Само се евакуираме на брод на оманската морнарица“, рече тој.

Текстот Иран нападна танкер со хрватски екипаж: „Преживав со Божјо чудо, сите сме живи“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top