Иран одговори на заканите од Трамп и постави нов услов за отворање на Ормутскиот теснец

Иран одговори на заканите од Трамп и постави нов услов за отворање на Ормутскиот теснец

пред 4 часа

Иранските власти поставија нов, економски услов за деблокада на стратешкиот Ормутски теснец. Махди Табатабаи, советник во кабинетот на иранскиот претседател, изјави дека овој клучен поморски пат ќе биде повторно пуштен во функција само кога „дел од транзитните такси ќе бидат искористени за надомест на сета штета предизвикана од војната“.

Воена отштета преку транзитни такси
Оваа изјава доаѓа по серијата предлози од ирански официјални лица и пратеници за воведување задолжителен надомест за премин на сите бродови низ теснецот. Според новиот план на Техеран, меѓународната заедница и бродските компании би плаќале директна „воена отштета“ преку зголемени такси, како услов за безбедно минување на нафтените танкери.

Одговор на заканите од Трамп: „Чист очај и бес“
Реагирајќи на последниот ултиматум на Доналд Трамп, кој се закани со уништување на иранската инфраструктура доколку теснецот не се отвори до понеделник, Табатабаи упати остри критики кон Белата куќа.

Советникот истакна дека американскиот претседател е тој што „поттикнал сеопфатна војна во регионот и продолжува да упатува закани“.

Навредите и, како што ги нарече, „бесмислиците“ на Трамп, според иранските власти, се резултат на неговиот „чист очај и бес“.

Состојбата со Ормутскиот теснец
Блокадата на овој теснец, преку кој поминува една петтина од светската нафта, веќе предизвика глобална енергетска криза. Додека Трамп инсистира на безусловно отворање и се заканува со „пекол“ за иранските електрани и мостови, Иран очигледно се обидува да ја искористи контролата врз теснецот како моќна алатка за финансиска и политичка наплата на штетите од американско-израелската офанзива.

Текстот Иран одговори на заканите од Трамп и постави нов услов за отворање на Ормутскиот теснец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top