Иран планира да наплаќа за премин низ Ормутскиот теснец

Иран планира да наплаќа за премин низ Ормутскиот теснец

пред 5 часа

Иранскиот парламент подготвува закон за наплата на бродовите што поминуваат низ Ормутскиот теснец, важен стратешки воден пат кој моментално е делумно блокиран.

Членот на парламентот Саид Рахмацадех изјави дека наплаќањето такси за премин низ теснецот е „вообичаена практика на многу важни бродски правци низ целиот свет“.

Иран воведе ограничувања за пловидба на 2 март, како одговор на нападите на САД и Израел, предупредувајќи дека бродовите што ќе поминуваат без координација може да бидат таргетирани.

Во меѓувреме, Техеран возврати со удари со беспилотни летала и ракети врз Израел и американски воени објекти во Персискиот Залив.

Текстот Иран планира да наплаќа за премин низ Ормутскиот теснец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top