Иран остро ги осуди нападите на Соединетите Држави и Велика Британија врз цели на Хутите во Јемен, јави ДПА.
-Ова уште еднаш беше кршење на територијалниот интегритет на Јемен и со тоа јасно кршење на меѓународно признатите закони и прописи, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канаани.
Коментарите дојдоа еден ден откако САД, Велика Британија и другите сојузници нападнаа вкупно 36 цели на 13 локации, вклучувајќи складишта за оружје, ракетни системи и фрлачи, системи за противвоздушна одбрана и радарски уреди.
Хутите постојано гаѓаа трговски бродови на Црвеното Море од почетокот на војната во Газа меѓу Израел и милитантната палестинска организација Хамас во октомври.
Со оглед на зголемената опасност за бродовите долж клучниот трговски пат на Црвеното Море, многу компании сега го избегнуваат, иако тоа е најкратката врска меѓу Азија и Европа.
Наместо тоа, транспортерите одат по долга алтернативна рута, но тоа има значително влијание врз глобалната економија.
Текстот Иран со остра осуда на нападите во Јемен е превземен од МАКФАКС.






