Иран тврди дека соборил три американски летала за време на спасувачката мисија

Иран тврди дека соборил три американски летала за време на спасувачката мисија

пред 11 часа

Иранските вооружени сили тврдат дека собориле три американски воздухоплови – транспортен авион Ц-130 и два хеликоптери „Блек Хок“ – за време на операцијата за спасување на американскиот пилот.

Тврдењето доаѓа откако Иранската револуционерна гарда објави дека неколку „летачки објекти“ биле уништени за време на американската операција. САД сè уште не ги потврдиле обвинувањата.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека операцијата за спасување на членот на екипажот на соборениот Ф-15 била успешна и дека нема жртви од страна на САД.

Текстот Иран тврди дека соборил три американски летала за време на спасувачката мисија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top