Иран ја потврди смртта на командантот на морнарицата на Револуционерната гарда Алиреза Тангсири, според соопштението објавено од ИРГК и пренесено од државната новинска агенција ИРНА.
Се вели дека Тангсири починал поради „сериозноста на добиените повреди“.
Минатата недела, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека командантот на морнарицата бил убиен заедно со други функционери во „прецизна и смртоносна операција“ спроведена од израелската војска.
Текстот Иран ја потврди смртта на командантот на морнарицата на Револуционерната гарда е превземен од МАКФАКС.





