Ирска стјуардеса во Дубаи обвинета за „консумација на алкохол“: И го уништиле пасошот

Ирска стјуардеса во Дубаи обвинета за „консумација на алкохол“: И го уништиле пасошот

пред 3 дена

Против ирска стјуардеса Тори Тови во Обединетите Арапски Емирати, поднесени се повеќе кривични пријави, меѓу кои и „обид за самоубиство“ и „консумација на алкохол“. Како што јавува Би-би-си, властите во Емиратите и го уништиле пасошот. И ирската влада се вклучи во случајот преку дипломатски канали.

Како што јави Би-би-си, Тови се наоѓа во Дубаи, најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Нејзе ѝ помага адвокат и застапник за човекови права, кој за медиумите изјави дека 28-годишната девојка е „уништена и исцрпена“, но „се надева дека наскоро ќе може да го напушти Дубаи“.

Рада Стирлинг, која ја води групата Затворени во Дубаи, рече дека разговарала со Тови утринава и дека „работите сè уште се движат“.

„Ирската влада дејствуваше во рекордно време, обично не гледаме дека дејствуваат толку брзо“, рече таа.

Адвокатот, исто така, рече дека Тови оттогаш била контактирана од единицата за поддршка на жртви на полицијата во Дубаи.

„Очекувам дека со тој дипломатски притисок можеби ќе успееме да ја вратиме дома дури и пред судењето следната недела, но секако треба да планираме дека може да помине многу лошо и таа да заврши со затворска казна“, изјави адвокатот за Би-би-си Њуз.

Стирлинг претходно изјави дека Тови била обвинета за консумирање алкохол и обид за самоубиство. „Ирската влада со право стои зад нас во обидот да ја натера полицијата на ОАЕ да се откаже од случајот против неа“, рече таа.

Би-би-си се обрати до владата на ОАЕ за коментар за случајот, но сè уште нема добиено одговор.

Министерството за надворешни работи соопшти дека е запознаено со случајот и дава конзуларна помош.

Стирлинг рече дека Тови не може да си дозволи адвокат, „што и ја отежна ситуацијата уште повеќе“. Таа рече дека дури и ако Тови биде прогласена за невина, правниот процес може да потрае „месеци и месеци“, но семејството е оптимист дека меѓународниот притисок ќе помогне.

Текстот Ирска стјуардеса во Дубаи обвинета за „консумација на алкохол“: И го уништиле пасошот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top