Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија.
Се наведува дека 20 од тие ракети паднале во Газа, и дека израелскиот антиракетен систем пресретнал „десетици“ ракети, но бројот не е наведен, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Исто така, израелската влада ја продолжи вонредната состојба во централниот град Лод за 48 часа.
Минатата недела Лод беше епицентар на конфликтот меѓу Палестинците и Израелците во време на борби во појасот Газа и постојани тензии во Ерусалим.