Италијанците открија храм стар 4.000 години на Кипар

Италијанците открија храм стар 4.000 години на Кипар

пред 5 месеци

Италијанските археолози открија храм стар 4.000 години во селото Ерими на Кипар.

„Тоа е најстариот свет простор што некогаш е пронајден на островот“, рече археологот Лука Бомбардиери, кој ги води ископувањата веќе 15 години, кои се изведуваат во соработка со Одделот за антиквитети на Кипар и Министерството за надворешни работи и Меѓународна соработка, пренесува Анса.

Според него, новооткриениот храм „фрла ново светло“ на „модерниот“ живот на заедницата на занаетчии кои живееле пред четири милениуми, само неколку века пред да бидат изградени првите градови на островот.

При ископувањето биле пронајдени останки на млада жена која била убиена и заѕидана дома, што според археолозите било направено за да не и се врати духот и да ги вознемири живите.

Бомбардиери рече дека не е јасно дали во тоа време имало свештеник на тоа место.

Текстот Италијанците открија храм стар 4.000 години на Кипар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top