Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров му се обрати на рускиот претседател Владимир Путин со барање да и нареди на армијата да ги окупира Харков, Киев и други украински градови.
„ Другар претседателе, другар врховен командант, многупати сум кажал дека јас сум твој пешадија, подготвен сум да го дадам животот за тебе. Но, не можам да гледам како умираат моите и нашите војници од Министерството за одбрана, Националната гарда и другите структури. Ве молиме затворете ги очите пред се и дозволете им да го завршат она што се случува таму за ден или два“, напиша Кадиров.
Тој смета дека само тоа ќе ги спаси руската држава и народ и оценува дека ситуацијата во Украина е закана за целата земја.