Камерон: Израел треба добро да размисли пред да започне акција во Рафа

Камерон: Израел треба добро да размисли пред да започне акција во Рафа

пред 6 месеци

Шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон оцени дека Израел треба добро да размисли пред да започне нова воена операција во Рафа, на југот на Појасот Газа, каде има околу милион палестински бегалци.

Невозможно е да се види како може да се води војна меѓу овие луѓе. Немаат каде да одат, рекол Камерон, пренесува Ројтерс.

Ние сме многу загрижени и сакаме Израел да застане и да размисли многу сериозно пред да започне нова акција. Пред сè, сакаме итна пауза во борбите, што ќе доведе до прекин на огнот, рече Камерон.

Текстот Камерон: Израел треба добро да размисли пред да започне акција во Рафа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top