Кина дозволи паровите да имаат по три деца

пред 3 години

Кина денеска објави дека на секоја двојка во земјата ќе и биде дозволено да има до три деца, откако неодамнешните податоци покажаа драматичен пад на бројот на раѓања во најнаселената земја во светот.

Во 2016 година, Кина ја укина својата децениска одредба според која на паровите им беше дозволено да имаат само едно дете и утврди дека можат да имаат до две. Но, овој потег не резултираше со пораст на наталитетот, бидејќи трошоците за одгледување на деца во кинеските градови се доста високи и многу граѓани сепак одлучиле да останат само на едно дете, пишува „Ројтерс“.

Според податоците од кинескиот попис, кој се спроведува еднаш на секои десет години, бројот на жители во Кина во последната декада имал најмал раст од 50-тите години на минатиот век.

Во 2020 година, фертилитетот бил 1,3, или кинеските жени просечно имале 1,3 дете за време на плодниот период – бројка слична на онаа која ја имаат општества кои постепено стареат, како Јапонија и Италија.

Share
Scroll to Top