Кина: Нема компромис за Тајван

пред 3 години

Нема простор за компромис за Тајван, и САД не треба да имаат никакви илузии по тоа прашање, соопшти Министерството за одбрана на Кина, наведувајќи дека Вашингтон провоцира по неколку различни прашања.

Кина вели дека прашањето за Тајван, кој го смета за своја територија, е најчувствително во односите со Америка, која е најважниот меѓународен партнер на Тајпеј и главен снабдувач на оружје, пренесе Ројтерс.

Острите разлики околу Тајван беа забележливи за време на виртуелната средба меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот американски колега Џозеф Бајден.

Тој рече дека оние кои бараат независност во Тајван и нивните сојузници во САД „си играат со оган“.

Share
Scroll to Top