Кина повеќе нема да биде најнаселената земја во светот

пред 2 години

Населението на светот на 15 ноември ќе достигне осум милијарди луѓе, според економската и социјалната проекција на ОН објавена денеска.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Исто така, се предвидува дека во 2023 година Индија ќе ја престигне Кина како најнаселена земја во светот.

„ Додека го чекаме раѓањето на осум милијардитиот жител на Земјата… тоа е потсетник на нашата заедничка одговорност да се грижиме за нашата планета и да одвоиме момент да размислиме за точките каде што сè уште не ги почитуваме обврските што ги имаме преземени еден кон друг“, се вели во изјавата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Ова, додаде тој, е исто така „можност да ја славиме нашата различност, да ја препознаеме нашата заедничка човечност и да се восхитуваме на напредокот во здравството што го зголеми животниот век и значително ја намали стапката на смртност на мајките и децата“.

Според прогнозата на одделот на ОН, светската популација расте побавно отколку во 1950 година.

Светското население би можело да достигне околу 8,5 милијарди во 2030 година и 9,7 милијарди во 2050 година со врв од околу 10,4 милијарди луѓе во 2080-тите, кога се очекува да остане на тоа ниво до 2100 година.

Иако е забележан јасен пад на плодноста во неколку развиени земји, повеќе од половина од очекуваниот пораст на населението во наредните децении ќе биде концентриран во осум земји – Демократска Република Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Танзанија, наведуваат од Обединетите нации.

Share
Scroll to Top