Кока-Кола под истрага во Германија

Кока-Кола под истрага во Германија

пред 1 година

Германксиот регулатор објави дека отворил истрага против Coca-Cola Europacific Partners Deutschland поради сомневање дека ја потиснува конкуренцијата во Германија и соседните пазари со својата ценовна политика.

„Постојат индикации дека Coca-Cola може да ги ограничува можностите на другите компании да се натпреваруваат со структурирање на условите за германските трговци на храна, особено со структурирање на попусти“, рече во соопштението претседателот на канцеларијата на картелот Bundeskartellamt, Андреас Мунд.

Прво, ќе испитаат дали Кока-Кола доминира на пазарот за кола пијалоци и газирани безалкохолни пијалоци, бидејќи доминантните компании подлежат на посебни прописи за пазарна конкуренција.

Исто така, ќе истражи дали структурата на попусти на Кока-Кола им нуди стимулации на трговците на мало со храна да купуваат, на видно место да го пласираат или рекламираат целиот нејзин асортиман на производи, вклучувајќи ги Фанта и Спрајт, наместо само кола пијалоци.

Овие услови на крајот може да ја задушат конкуренцијата, ограничувајќи ја способноста на другите производители да се натпреваруваат со Coca-Cola и на соседните пазари, се вели во соопштението.

Текстот Кока-Кола под истрага во Германија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top