Кос: Црна Гора и Албанија го предводат регионот на патот кон ЕУ

Кос: Црна Гора и Албанија го предводат регионот на патот кон ЕУ

пред 58 минути

Европската комесарка за проширување Марта Кос денес изјави дека, благодарение на напредокот на Црна Гора и Албанија кон членство во Европската Унија (ЕУ), се остварува визијата за проширување поставена пред 23 години на самитот во Солун.

„На денешниот состанок „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина, чиј домаќин беше шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапетритис, нагласивме дека сега треба да се фокусираме на понатамошен напредок со сите земји од Западен Балкан“, напиша Марта Кос на социјалната мрежа Икс.

Според неа, успехот на Црна Гора, која би можела да ги заврши преговорите за пристапување до крајот на оваа година, претставува важен сигнал и извор на мотивација за целиот регион.

Групата „Пријатели на Западен Балкан“ е неформална политичка иницијатива на осум земји-членки на Европската Унија, кои се посветени на забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

Неа ја сочинуваат Австрија, Чешка, Грција, Хрватска, Италија, Унгарија, Словачка и Словенија.

Иницијативата е основана во 2023 година, по предлог на тогашниот австриски министер за надворешни работи, Александар Шаленберг.

Текстот Кос: Црна Гора и Албанија го предводат регионот на патот кон ЕУ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top