Кошта: Само дипломатијата може да го прекине конфликтот на Блискиот Исток

Кошта: Само дипломатијата може да го прекине конфликтот на Блискиот Исток

пред 6 часа

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денес изјави дека по пет недели војна на Блискиот Исток, се покажува дека само дипломатско решение може да ги отстрани нејзините причини, нагласувајќи дека таргетирањето на цивилната инфраструктура е нелегално и неприфатливо, и дека Европската унија (ЕУ) го повикува Иран да ги запре нападите и да дозволи слободна пловидба низ Ормускиот теснец.

Во објава на социјалната мрежа Икс, тој нагласи дека секое таргетирање на цивилната инфраструктура, вклучително и енергетските објекти, е нелегално и неприфатливо, додавајќи дека ова важи и за војната на Русија во Украина, како и за сите други конфликти. Кошта истакна дека иранското цивилно население е главната жртва на режимот во Иран и предупреди дека тие ќе страдаат најмногу во случај на проширување на воената кампања, пренесува Танјуг.

Како што изјави, во неодамнешниот телефонски разговор со претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, ЕУ го повика Иран веднаш да ги запре нападите врз земјите во регионот и да овозможи повторно воспоставување на целосна слобода на пловидба низ Ормускиот теснец.
Кошта рече дека ескалацијата нема да доведе до прекин на огнот и мир, туку дека тоа може да се постигне само преку преговори, вклучително и тековните напори предводени од регионалните партнери.

Текстот Кошта: Само дипломатијата може да го прекине конфликтот на Блискиот Исток е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top