Овогодинешната Нобелова награда за мир може да заврши во рацете на Светлана Тихановскаја, климатската активистка Грета Тунберг или Репортери без граници.
Добитникот на наградата од милион долари го избира петчлена комисија назначена од норвешкиот парламент, која ќе биде објавена на 8 октомври.
„Репортери без граници и Комитетот за заштита на новинарите се некои од главните кандидати“, рече Хенрик Урдал, директор на Институтот за мировни истражувања во Осло.
„Ова е во согласност со големата дебата за важноста на независното известување и борбата против лажните вести за демократијата“, додаде тој.
Борбата против глобалното затоплување, предводена од шведската тинејџерка Грета Тунберг, можеби најпознатата светска климатска активистка, исто така, може да добие признание.
„Советот за безбедност на ОН изрази загриженост дека штетните ефекти од климатските промени би можеле да претставуваат ризик за меѓународниот мир и безбедност“, рече Асл Свен, историчар на Нобеловата награда за мир.
Номинирани за наградата се 329 кандидати.
Меѓу номинираните се и рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, американската политичарка Стејси Абрамс, Светската здравствена организација (СЗО) и движењето „Црните животи се важни“.