Кралицата Елизабета слави 70 години на тронот

пред 2 години

Британската кралица Елизабета им се заблагодари на сите кои ќе учествуваат на четиридневното одбележување на нејзиниот платинест јубилеј, што ќе опфати низа прослави по повод 70 години од британскиот трон.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Милиони луѓе ширум Британија и светот денеска треба да се придружат во славењето на 96-годишната кралица која владее подолго од кој било претходник, објави британската влада.

„ Им благодарам на сите што учествуваа во здружувањето на заедниците, семејството, соседите и пријателите за да ја одбележат мојата платинеста годишнина во Обединетото Кралство и Комонвелтот“, рече Елизабета.

„ Продолжувам да бидам инспирирана од добрата волја што ми се покажа и се надевам дека наредните денови ќе дадат можност да размислувам за сето она што е постигнато во последните 70 години додека гледаме кон иднината со доверба и ентузијазам“ порача таа.

Поради возраста и неодамнешните потешкотии со движењето, Елизабета мораше да откаже дел од програмата и нејзиното учество на прославите ќе биде ограничено. Дел од свечените должности ќе преземат нејзиниот син и наследник, 73-годишниот принц Чарлс и неговиот најстар син, 39-годишниот принц Вилијам.

На централната прослава нема да присуствуваат 62-годишниот принц Ендрју, кој се спогоди во февруари во случајот обвинет за сексуално злоставување малолетник, и принцот Хари, кој сега живее во Лос Анџелес.

Share
Scroll to Top