Кремљ потврди дека оваа недела ќе се одржи нова рунда преговори за завршување на војната во Украина, со посредство на САД, и покрај продолжените борби. Според Кремљ, разговорите ќе се одржат во среда и четврток во Абу Даби, каде што се одржа и претходниот состанок.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека средбата била кратко одложена поради преклопување на распоредите. Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека ќе испрати делегација на преговорите.
Песков ги опиша разговорите како „многу сложени“.
Како главна пречка останува прашањето за територијата, односно дали Русија ќе ги задржи окупираните делови од Украина, особено на истокот на земјата.
Текстот Кремљ потврди нова рунда преговори за крај на војната во Украина е превземен од МАКФАКС.






