Кремљ: Се разговара за трилатерална средба за Украина, но рано е за детали

Кремљ: Се разговара за трилатерална средба за Украина, но рано е за детали

пред 2 часа

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека засега нема конкретни детали за организирање трилатерална средба за Украина, на која би учествувале Русија, САД и Украина.

Песков рече дека разговори за таква средба се водат, но дека е прерано да се зборува за конкретни резултати. Тој додаде дека специјалниот претставник на рускиот претседател, Кирил Дмитриев, ги продолжува контактите со американските преговарачи, при што се разговара и за можната економска соработка меѓу Русија и САД.

Дмитриев моментално се наоѓа во Њујорк, а според информации на Ројтерс, се очекува да разговара со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека американската страна предложила да се организира подготвителна трилатерална средба на техничко ниво меѓу Украина, САД и Русија.

Според Зеленски, Киев очекува Вашингтон да предложи датум, а како можна локација за средбата САД ги предложиле Обединетите Арапски Емирати.

Текстот Кремљ: Се разговара за трилатерална средба за Украина, но рано е за детали е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top