Кремљ ја нарече хулиганка новнарката која влета во програма во живо

пред 3 години

Кремљ соопшти дека постапките на Марина Овсијаникова, која ги прекина вестите во живо на руската државна телевизија Канал 1 за да ја осуди војната во Украина, се „хулиганство“.

Овсјаникова, инаку една од уредничките на телевизијата, во чин на несогласување со војната во Украина, држеше натпис зад водителката во студиото и извикуваше слогани против војната, објави „Ројтерс“.

„ Што се однесува до оваа жена, тоа е хулиганство“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пофалувајќи го Канал 1 за, како што рече, квалитетна, објективна и навремена програма.

Новинарката напиша слогани на англиски и руски јазик.

„ Запрете ја војната. Кажете „не“ на војната“, извика таа додека водителката продолжи да ги чита вестите.

Share
Scroll to Top