Курти: Милан Радоичиќ планира нови напади во Косово

Курти прогласи победа, ќе мора да бара партнери за владата

пред 1 година

Косовскиот премиер Аљбин Курти прогласи победа на неговото движење Самоопределување на парламентарните избори на 9 февруари, но тој нема да може сам да формира влада.

Прелиминарните резултати покажуваат дека Самоопределување ќе има речиси 47 пратеници во новото косовско Собрание, со освоени 41 отсто од пребројаните гласови. Втора е опозициската Демократска партија на Косово со 22,19 отсто добиени гласови, потоа Демократскиот сојуз на Косово со 17,62 отсто од гласовите и Алијансата за иднината на Косово (ААК) со 7,61 отсто.

Српската листа, најголемата партија на косовските Срби освои 4,2 отсто од гласовите и, според нејзините лидери, ќе ги освои сите 10 места во парламентот што ѝ се загарантирани на српската заедница

Право на глас имаа нешто повеќе од два милиона граѓани, а на гласање излегле 40,51 отсто од нив.

Текстот Курти прогласи победа, ќе мора да бара партнери за владата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top