Кучиња тренирани да откријат ковид-позитивни лица во Романија

пред 3 години

За првпат во Романија, специјално тренирано куче успешно откри заразен патник со коронавирус.

Тој слета од Мадрид на меѓународниот аеродром во Сибиу, рече полковникот Даниел Челси, генерален директор на Управата за јавно здравје.

„Тренираното куче го откри првиот патник кој, како што се испостави, имаше позитивен резултат на брзото тестирање за коронавирусот. Патникот беше пренесен со брза помош во ургентниот центар за дополнителни, специјализирани тестови, по што ќе мора да отиде во самоизолација. Откриено е дека ги примила двете дози од вакцината против Ковид 19“, изјави Челси.

Полициското куче открило и друг патник кој пристигнал од Мадрид со истиот авион во петокот вечерта, но тестирањето покажало дека тој не бил позитивен, пренесуваат романските агенции.

Меѓународниот аеродром Сибиу е единственото место во Романија каде се користат кучиња тренирани за откривање на заразени со коронавирусот, соопштија локалните власти.

Тие уверуваат дека не постои опасност кучињата да ги гризнат патниците и дека овие тренирани животни не претставуваат опасност за луѓето кои се алергични бидејќи не доаѓаат во директен контакт со патниците, туку процесот се врши преку специјална заштитна бариера.

Share
Scroll to Top