Наводите дека руската војска ги гранатира сопствените градови за да го обвини Киев се лага, соопшти денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пренесуваат тамошните медиуми.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Со еден збор – тие лажат. Фактите се познати, нашето Министерство за одбрана секојдневно изнесува факти“ истакна Лавров на прес-конференцијата по разговорот со виетнамскиот колега, Буи Тан Сон.
Лавров уште и рече дека „западните земји мора да се свесни за својата одговорност без оглед како и што објаснуваат украинскиот претседател Зеленски и неговите соработници“.
„Западот мора да е свесен за својата одговорност за губењето цивили, пред се во Донбас и во другите делови на Украина“ рече Лавров.