Лавров: НАТО предизвика длабоки кризи секаде каде што интервенираше

Лавров: НАТО предизвика длабоки кризи секаде каде што интервенираше

пред 5 часа

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека НАТО предизвикал длабоки кризи во земјите во кои интервенирал, оценувајќи дека мешањето на Алијансата во нивните внатрешни работи не довело до подобрување на ситуацијата, пренесува РИА Новости.

„Секаде каде што НАТО се осмели да дејствува надвор од територијата на своите земји членки, спроведуваше воени, прилично агресивни мисии. Ситуацијата не се подобри на ниту едно место каде што Алијансата интервенираше. Напротив, секаде се појавија длабоки кризи со кои сега мораме да се справуваме“, изјави Лавров на прес-конференција по Источноазискиот самит.

Тој го обвини Западот дека се обидува да вовлече одделни земји од Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во затворени воени блокови, со цел да го ограничи влијанието на Кина.

Според Лавров, западните земји предложиле создавање нова структура, таканаречен Индопацифички договор.

„Предупредивме да не се нарушува постојната инклузивна архитектура, заснована на консензус, која постои со децении“, нагласи тој.

Рускиот министер повика на почитување на Повелбата на АСЕАН и нејзините основни принципи.

Текстот Лавров: НАТО предизвика длабоки кризи секаде каде што интервенираше е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top